Пукотници и потера во Сплит, избега осомничен за убиство на својата бремена девојка

Од:

Опасен затвореник со лисици на рацете е во бегство низ улиците на Сплит, откако им побегнал на судските полицајци по завршувањето на судско рочиште.

Бранимир Чалета е осомничен за убиство на својата девојка од Украина, која била во осмиот месец од бременоста. Тој денеска се оттргнал од стражарите и почнал да трча во моментот кога го спроведувале од зградата на судот, а судските полицајци истрелале два предупредувачки куршуми во воздух, пишуваат хрватските медиуми.

Потрагата по осомничениот убиец и натаму е во тек, а медиумите постојано ги објавуваат податоците за изгледот и облеката на Чалета, во надеж дека некој ќе го препознае и пријави.

Мобилизирани се комплетните полициски сили на Сплит и околните места, кои го пребаруваат делот од градот во кој затвореникот последен пат бил виден. Во потрагата се вклучени и сите полициски кучиња на сплитската полиција. Се „чешла“ улица по улица, во зависност од дојавите од граѓаните, кои постојано пристигнуваат. Полицијата е распоредена и ги контролира и сите излези од градот.

Како што изјави адвокатот на бегалецот, Хрвоје Кришто, денеска имало рочиште на кое сведочеле роднините на Чалета и на неговата убиена партнерка од Украина. За тешкото убиство, на осомничениот му се заканува казна од 20 до 40 години затвор. Според присутни на рочиштето, Чалета денеска бил многу емотивен и изразил жалење за убиството.

Би можело да ве интересира

Убиениот ограбувач на банка во Сплит одлежа 20 години за убиство при грабеж на продавница за алкохол

А1он

(ВИДЕО) Полицајци во Тузла скокнаа во надојдена река по криминалец, двајца се исчезнати

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

ВИДЕО: Собири во Загреб и во Сплит за поддршка на српските студенти

Уапсен студент поради закана дека ќе пука на факултет, наставата е откажана

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит