Пукање во Будва, убиен е член на Шкаљарскиот клан

Од:

Во Будва, попладнето имало пукање, а според неофицијалните информации од подгоричкиот портал Борба, едно лице е убиено. Полицијата не ја потврди оваа информација, а порталот пишува дека голем број полицајци се на местото на настанот, а градот е под блокада.

Полицијата ги контролира приодите кон Будва, додека во тек е интензивна потрага и истрага. Итните служби брзо реагирале, но според достапните информации, повредите на ранетиот биле фатални.

Мотивот за пукањето и идентитетот на учесниците сè уште не се познати.

Полициската администрација објави дека убиен е Сима Марковиќ (52). Според црногорските медиуми, тој е член на Шкаљарскиот клан, кој го поддржувал Мило Божовиќ, некогашен прв човек на општина Будва, кој беше уапсен за шверц на кокаин и за здружување со криминални групи.

Се наведува дека полицијата презема сите пропишани мерки и дејствија за да ги утврди сите околности под кои ова лице починало.

Тие исто така изјавија дека јавноста ќе биде информирана кога ќе се соберат повеќе информации за овој случај.

Би можело да ве интересира

Убиство во Будва: Странски државјани вмешани во пукањето

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Мамдани најави истрага за пукањето во Бронкс

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски