Пукал со пет шаржери, а имал и експлозив во ранецот – детали за масакарот во училиште во Белград

Од:

Според информации на српските медиуми малолетниот Коста дошол на училиште со пиштол од неговиот татко и пет шаржери.

Според информациите, таткото на детето имал пријавено два пиштола. Еден од нив е 9 калибри. Но, засега не се знае точно дали ученикот пукал од двата пиштола или пак од еден, а променил дури пет шаржери.

Според информации на Прва ТВ ученикот во ранецот имал и експлозив, молотов коктел, но засега нема потврдени информации од полицијата.

Родителите се во шок се прашуваат како 14-годишно дете знае да пука и да менува шаржери на оружје.

– Слушнавме дека влегол во училиштето и веднаш кај вратата го затекнал чуварот и му пукал во главата. Како детето знаело да пука се прашуваат шокираните родители кои беа пред училиштето.

Ова е редоследот на крвавиот поход на малолетникот

Дошол вооружен во училиштето, го застрелал омилениот чувар, го убил.

Потоа продолжи понатаму.

Во ходникот видел три девојки. Ги убил.

Потоа стигнал до училницата по историја, упаднал, пукал во наставникот, а потоа неговите соученици скокнале и го совладале.

Тој пукал и додека лежел на земја – убил пет од нив.
Убиени се вкупно осум деца, како и омилениот портир Драган.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата