Пучот кој е различен од сите претходни- каква е улогата на Ердоган?

Од:

Шестиот државен удар во Турција, во многу работи се разликува од сите претходни, посебно во крајниот ефект-тој беше неуспешен.

Војската од 1960 година до сега неколкупати интервенираше за да ја смени владата, но нејзините акции во минатото и ова што сега се случуваше се сосема различни.

Всушнот, се работи за сосема атипичен пуч. Војската порано реагираше и веднаш ја сменуваше власта, по барање на народот, а први на удар беа носителите на власта. Овој пат изостана ваквиот редослед. Напротив, премиерот и претседателот се обраќаа од ТВ екраните и го повикаа народот да излезе на улица. Ердоган има поддршка од околу 50 проценти од граѓаните на Турција, а во текот на пучот ја доби и сета меѓународна поддршка, како и поддршка од опозицијата.

Во овој пуч, забележлив беше и недостаток на командна одговорност како и ланец на командување. Пучот не го изведуваше армијата, туку како што и Ердоган кажа нелегална структура или паралелна структура во војската.
Видливо беше дека нема добар план, немаше акции да се завземат битните институции, а носителите на пучот-млади регрути по апсењето изјавуваа дека им било кажано дека одат во ноќна воена вежба. Тие станаа лесна мета на народот кој излезе на улиците. За време додека траеше обидот за пуч, предводен од началникот на воздухопловните сили, Ердоган пристигна со авион на аеродромот во Истанбул.

CnezdIXWAAA71Lx

Аналитичарите веќе се сигурни како неуспешноста на пучистите и останувањето на Ердоган на власт само ќе ја зајакне неговата моќ во општестово, преку намерата да ја убеди јавноста од потребата за воведување претседателски ситем во Турција.

Странските медиуми јавуваат дека неуспешниот пуч ја зајакнува неговата позиција на која е доволно долго за да ја смени крвната слика на турската војска, и да ги стави под своја контрола најважните воени структури и да се заштити за секогаш од традицијата моќната војска да ја менува преку ноќ власта.

Токму затоа дел од турската јавност преку анкетите на социјаните мрежи е убедена дека е ова сценариот на Реџеп Таип Ердоган за да го реши проблемот со моќната армија. Експертите предупредуваат дека ова беше и показател дека турското општество е длабоко поделено и дека не треба да се занемаруваат силите кои не се согласуваат со начинот на владеење на Ердоган.

Проценките се дека непријател на Ердган е речиси целата интелектуална елита, а тој има поддршка во средниот и сиромашниот слој на луѓето кои се верски определени. На тоа упатува и податокот дека народот кој синоќа излезе на улиците во одбрана на Ердоган по неговиот повик, беше добро организиран преку џамиите.

Би можело да ве интересира

Ердоган пред Генералното собрание на ОН повика на сојуз на човештвото за да се запре геноцидот во Газа

Русија е против идејата на Ердоган кој вели Крим да е под контрола на Украина

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Путин ја откажува посетата на Анкара-не оди без придружба од руски воени авиони во Турција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција