Првите индикации укажуваат дека Исламска држава (ИД) е одговорна за двојниот бомбашки напад во Анкара и истрагата се фокусира на екстремистичката исламистичка група, изјавија извори од турските безбедносни сили, пренесува Танјуг.
Неименуван извор изјавил дека вчерашните експлозии имаат „воочлива сличност“ со самоубиствениот бомбашки напад во јули во турскиот град Сурук, за кој беа обвинети џихадистите од ИД.
– Овој напад е во стилот на Сурук и сите знаци укажуваат дека е копија на нападот. Знаците укажуваат на ИД. Ние во целост сме фокусирани на ИД, изјавиле двајца неименувани турски безбедносни функционери, пренесува Танјуг.
Прокурдската Демократска партија на народите денеска соопшти дека во двете експлозии во турската престолнина вчера загинале 128 лица.
Тие инфоримираа дека успеала да идентификува сите со исклучок на осум од жртвите на вчерашниот напад, пренесува БТА.
Кабинетот на премиерот доцна синоќа соопшти дека во нападот загинале 95 лица. Во друго соопштение, објавено денеска наутро, кабинетот информира дека 160 лица се уште се лекуваат во болница, а 65 од нив се во одделот за интензивна нега.