Кипар се очекува првата транша од кредитот за помош на земјата да ја добие кон средината на мај.
Преговорите на земјата со тројката меѓународни кредитори од Еврпската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд се во крајна фаза и треба да завршат пред викендот, јави БТА.
Кон крајот на неделата тројката ќе претстави извештај за кредитниот договор на Еврогрупата, која ќе заседава на 12 април во Даблин.
По усвојувањето на договорот од Еврогрупата ќе почне постапка за ратификација од парламентите на земјите од еврозоната. Дебатите во германскиот Парламент се закажни за третата недела на април.
Минатиот месец Еврогрупата одобри спасувачки пакте во вредност од 10 милијарди евра за Кипар.