Првата група бегалци префрлена од Атина во Луксембург

Од:

Првата група од 30 бегалци  префрлена е денеска од Грција во Луксембург, што претставува почеток на реализацијата на планот на ЕУ вреден 780 милиони евра со цел да се намали товарот на државите кои најмногу се најдоа на удар од бранот бегалци.

Првите бегалци кои беа префрлени се шест семејства од Сирија и од Ирак. Насмејаните родители со децата правеа пред влегувањето во авионот заеднички „селфи“ со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн, јавуваат локални медиуми.

Аселборн изјави дека релокацијата на првата група бегалци од Грција во неговата држава е„ само почеток, но многу важен почеток“.

– Ѕидови, огради и бодликава жица не може да бидат дел од ЕУ, изјави тој. Повеќе од 600.000 бегалци влегоа оваа година во Грција. Атина се согласи да прифати 50.000 бегалци оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини