Прва жртва од поплавите во Албанија

Од:

Полицијата во Корча денска соопшти дека поплавите на југ во Албанија однеле прва жртва. Станува збор за жена од селото Врдово близу Подградец.

Во утринските часови таа се удавила во надојдената река Врдово која поминува низ селото.

Потрагата по телото на жената се уште не е завршена, јавуваат албански медиуми. Поплави се регистрирани во речиси цела Албанија откако голем број реки се излеаја од коритата поради повеќедневните поројни дождови.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата