Српско-албнанската Работна група, која од 1. април ќе го формулира предлогот на заедничкиот документ за соработка кој рамковно е договорен во Германија, формирана е по денешниот состанок во Тирана.
Средбата беше меѓу албанскиот министер за економски развој, трговија и претприемништво Арбен Ахметај и потпретседателката на Владата на Србија и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ.
– Со ова и технички ќе го реализираме тоа што српскиот и албанскиот премиер го договорија во Берлин, посочи Михајловиќ.
Со денешниот прв билатерален состанок на албански и српски претставници во Тирана по 23 година, продолжена е соработката почната на конференцијата за Западен Балкан, одржана во август минатата година во Берлин, на која српскиот и албанскиот премиер, Александар Вучиќ и Еди Рама го претсатвија проектот за соработка.
– Србија и Албанија се партнери во реализација на инфраструктурните проекти со цел дветѕе земји заеднички да настапуваат пред Европската унија во реализација на проекти, истакна Михајловиќ по состанокот во Тирана.