Прв случај на мајмунски сипаници во Црна Гора

Од:

Во Црна Гора е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници кај црногорски државјанин кој е во добра општа состојба, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Лабораторијата на Одделението за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во соработка со Институтот за вирусологија, вакцини и серуми ‘Торлак’, го откри и го потврди првиот случај на мајмунски сипаници“, соопшти ИЈЗ.

Во соопштението се наведува дека се спроведени сите неопходни мерки за пациентот и неговите контакти, со цел да се спречи ширењето на болеста.

Со тоа, Црна Гора е вклучена во списокот од 79 земји каде што се регистрирани мајмунски сипаници.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот