Прв посериозен случај на западнонилска треска во Грција годинава

Од:

Седумдесет и осумгодишен жител на местото Спата во источна Атика, е првиот Грк кој годинава е сериозно инфициран со вирусот Западен Нил и е хоспитализиран за лекување на неговиот централен нервен систем.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, човекот, за кој е потврдено дека во скоро време не патувал во странство, развил енцефалитис, откако бил заразен од вирусот кој го пренесуваат комарци.

Центарот за контрола и превенција на болести води кампања за подигнување на јавната свест за подобра заштита од комарци, кои годинава во Грција дојдоа многу порано и во голем број поради невообичаено топлата пролет.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит