Прв круг локални избори во Грција

Од:

Грчките избирачи ќе гласаат денеска на прв круг од избори за локални органи на власта што се смета и како барометар за еврогласањето на 25 мај. Тоа ќе биде и прв изборен тест за конзервативниот премиер Андонис Самарас откако ја презеде власта во 2012 година.

Ќе се избираат 325 градоначалници и 13 регионални раководители.

Според аналитичари владејачката Нова демократија ќе се бори да победи во повеќето региони во државата додека опозициската Сириза има амбиција да обезбеди што пошироко учество на нејзини кандидати во вториот круг идната недела.

Според анкети, Сириза и лидерот Алексис Ципрас имаат мала предност пред конзервативците на Самарас. Се очекува градоначалниците на Атина и Солун кои се од владејачките партии повторно да добијат мандат.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица