Провопулос нема да добие втор мандат како гувернер на грчката Централна банка

Од:

Гувернерот на грчката Централната банка Јоргос Провопулос и официјално е известен дека неговиот шестгодишен мандат нема да биде продолжен, јави дописникот на МИА од Атина.

Премиерот Андонис Самарас го повикал Провопулос за да го информира дека Владата нема да го поддржи за втор мандат по истекот на сегашниот подоцна овој месец. Провопулос (63) претходно јавно изјави дека сака втор мандат.

– Премиерот му се заблагодари Провопулос за неговата работа, изјавил извор од Централната банка на Грција кој побарал да остане анонимен. Генералниот совет на Банката на Грција денеска попладне ќе одржи состанок на кој ќе се назначи наследник Провопулос.

Се очекува на оваа позиција да дојде поранешниот министер за финансии Јанис Стурнарас. Гувернерот на Централната банка на Грција, исто така, е член и на Управниот совет на Европската централна банка.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит