Протести на општинските службеници во Грција

Од:

Над 2.000 општински службеници протестираа денеска во центарот на Атина, незадоволни од новите мерки за штедење, со кои се предвидува намалување на финансиите на локалните органи на властта.

Организаторите на денешниот митинг истакнаа дека над две третини од 325 општини во земјата биле затворени за граѓаните денеска поради протестите. Овие мерки за штедење се дел од барањата на меѓународните кредитори, кои заседаваат во Брисел, дали да и ја доделат следната транша од помошта на Грција.

Грчкиот парламент на 7 ноември одобри нов пакет мерки за штедење во вредност од 13,5 милијарди евра, со кој се предвидува зголемување на даноците и намалување на платите во земјата.

Вчера владата во Атина соопшти дека работи на итен план за олеснување на хипотекарните кредити, кои се очекува да ја поништи одлуки за одземање на домови во вредност до 200.000 евра во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски