Протестантите во Тирана го пробија полицискиот кордон

Од:

Тензична ситуација вечерва пред Владата во Тирана, откако поголема група од учесниците на протестот на обединетата опозиција, го пробија полицискиот кордон.

Врз полицијата фрлаа димни бомби и тврди предмети, а врз владиниот објект црна боја и шишиња со масло.

Состојбата ескалира по говорот на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша,кој отсечно порача дека главен услов е преодна Влада која ќе спроведување предвремени парламентарни избори.

– Вечерва, реката на сувереноста го опколи островот на неправдата, како никогаш порано. Денес сме повеќе од кога било досега, повеќе обединети од кога било досега, посилни и поодлучни од кога и да е досега, против криминалот и корупцијата.Не сме ново морално мнозинство.Главен услов преодна влада, порача Баша.

По повикот на потпретседателот на Демократите, Еди Палока,толпата се упати кон зградата на Парламентот. Засега нема информација до кога ќе трае протестот, дали повторно толпата ќе се врати пред Влада.

На протестот, според почесниот претседател на Демократската партија, Сали Берша, присуствуваат над 200.000 илјади граѓани од сите делови на Албанија.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Убиен е ученик во Тирана, двајца се повредени

А1он

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад