Протест во Атина против одлуката на ГПЦ на верниците да им прочита проповед против абортусот

Од:

Одлуката на Светиот синод на грчката православна црква донесена на крајот на август, според која предвидува за време на денешните литургии во црквите по повод празникот Мала Богородица, на верниците да им се прочита проповед против абортусите, предизвика реакции и протест пред Соборниот храм во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Светиот синод на ГПЦ до сите црви испрати циркуларно писмо „За заштита на човечкиот живот и избегнување на абортусите“ за денеска, да им го прочитаат на верниците за време на утринските литургии.

Меѓу другото, во циркуларното писмо пишува дека во денешно време постојат „наводни научни мислења кои ја оспоруваат вредност на фетусот, постојат општествени перцепции кои го оставаат незаштитен, лишувајќи го од привилегијата на живот, постои закон која правно ги штити абортусите, но не и правото на фетусот на животот, со што се оправдува човечката суровост“.

Но и дека црквата „не може изборот на абортус да го смета едноставно и еднострано како правно прашање или апсолутно човеково право на трудницата или на современото општество“.

Поради конкретните ставови и одлуката циркуларното писмо да им се прочита на верниците, утрово пред соборниот храм во Атина се одржа протест, а главната порака што ја упатија жените беше „Мое тело, мој живот“, порачаа дека изборот е нивни и побараа раздвојување на државата и црквата.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната