Министерството за надворешни работи на Србија изрази денеска протест по повод соопштението на Владата на Албанија во врска со остранувањето на споменикот на ОВПМБ во Прешево на 20 јануари.
Српското МНР смета дека речникот кој е употребен во соопштение директно поттикнува на натамошни активности насочени кон дестабилизација на ситуацијата во јужниот дел на Србија, но и во поширокиот регион, во соседните земји населени со албанско малцинство.
– Квалификациите и обвиненијата насочени против Владата на Србија се под секое достоинство и во целост со спротивни на уверувањата дадени лично од страна на албанскиот премиер Бериша, а време на неодамнешната посета на министерот за надворешни работи на Србија Мркиќ на Тирана, дека Албанија е подготвена да сврти нова страница во билатералните односи, нагласува Министерството.
– Оправдувањето на запалливата реторика со загриженост за положбата на албанското национално малцинство во јужниот дел на Србија претставува груба манипулација, се вели во соопштението и се додава дека заштитата на алабанското и сите други национални малцинства во Србија се спроведува согласно највисоките меѓународни стандарди.