Протест на грчките земјоделци поради растот на цените

Од:

Грчките земјоделци и други претставници на примарниот сектор одржаа голем митинг во Солун во знак на протест против зголемувањето на цените на производството.

Земјоделците кои беа погодени од зголемувањето на трошоците и штетите на земјоделските култури поради неодамнешните поплави и пожари се собраа пред Саемот „Агротика“, пренесува Катимерини.

Земјоделците од Тесалија и другите делови на Грција пристигнаа во Солун набргу откако претставници на земјоделците од Лариса и Кардица најавија намера да ги интензивираат протестите во наредните денови.

Демонстрантите фрлаа јаболка и костени на улиците, држејќи транспаренти и извикувајќи слогани, додека се движеа кон Саемот.

Земјоделците потоа им се придружија на своите колеги од регионот на Централна Македонија, кои од 1 февруари со трактори се на јужната капија на Саемот.

Грчката влада во петокот го претстави новиот пакет за поддршка на земјоделците, вклучувајќи даночни олеснувања, петмесечен попуст на електричната енергија, отпис на заемите и ветување дека ќе ја забрза исплатата на средствата од фондовите за закрепнување од поплавите во централна Грција.

Земјоделските здруженија на протестот во Солун порачаа дека мерките што ги презентира Владата се само, како што се наведува, „капка во морето“ и најавија дека ќе ги зголемат блокадите на автопатиштата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Горан Наумовски

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Грчки граничар е ранет во престрелка во близина на грчко-турската граница

Големо невреме во Грција, громови предизвикаа нови пожари

Горан Наумовски

Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Горан Наумовски

Грција донесе итни мерки поради екстремните температури