Според проценките на Независниот хрватски синдикат (НХС) просечно хрватско семејство за божичните празници троши дополнително околу 172,6 евра.
Најголем дел од нив се за поклони на најблиските, но и за богатата трпеза за Бадник и празниците.
Според НХС, наспроти големите гужви низ трговските центри и саеми, граѓаните повеќе разгледуваат отколку што купуваат.
НХС секоја година го следи движењето на цените и потрошувачките кошници на граѓаните. Иако, првата половина на декември е забележан пад на потрошувачката на граѓаните, сепак се очекува претпразничната сметка на граѓаните да биде околу 1,368 милијарди евра или 256,6 милиони евра помалку во однос на 2008 година, пред почетокот на економската криза.