Пронајдено e телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер што се урна кај Дрниш

Од:

Пронајдено е телото на третиот член на екипажот на унгарскиот хеликоптер, соопшти Министерството за одбрана на Хрватска.

„Телото на починатиот припадник на унгарските воздухопловни сили беше пронајдено во четврток во попладневните часови. Во хеликоптерската несреќа загинаа тројца членови на екипажот. Министерството за одбрана уште еднаш изразува длабоко сочувство до семејствата, колегите и пријателите на загинатите припадници на унгарските вооружени сили“, соопшти Министерството за одбрана.

Вчера воен хеликоптер се урна во кањонот Чикола, во близина на националниот парк Крк. Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ на прес-конференција во средата рече дека истрагата треба да започне наскоро. Роберт Храњ, началникот на Генералштабот, рече дека на хрватските истражители ќе им се придружат и унгарските.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

ВИДЕО: Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Катерина Ѓуровски