Пронајдено e момчето (9) кое претходно исчезна во Маринкова бара.
– Се бара 9-годишно момче. Облечен е во бела кошула со кратки ракави, сини шорцеви и влечки. Тој е висок околу 145 см, слаб и носи очила. Доколку забележите лице кое одговара на описот, јавете се на 192 – стои во пораката.
Според информации, момчето било пронајдено, a полицијата го донела дома пред половина час.
Момчето се изгубило во текот на денот, а кога случаен минувач го слушнал како плаче, го однел во полиција, која го вратила дома кај неговите родители.
– Во ред е, малку се исплаши, се е во ред сега – рекол таткото.