Голема потрага по исчезнато момче во Германија

Од:

Продолжува потрагата по шестгодишното момче Аријан Арнолд, кое во понеделникот исчезна од германскиот град Бремерворде. 200 војници, бројни доброволци, кучиња трагачи и дронови се вклучени во потрагата по момче со аутизам од Долна Саксонија, но потрагата по Аријан засега е неуспешна.

Според германскиот весник „Билд“, родителите на Аријан ја известиле полицијата три минути откако момчето исчезнало. Портпаролот на полицијата во Ротенбург вчера изјави дека потрагата засега не е успешна, но дека продолжува со зголемени сили. Со оглед на тоа дека момчето има аутизам, не одговара на разговор.

Билд пишува дека се намалува веројатноста момчето да биде пронајдено живо.

„Почнуваме од нула и повторно ќе ја фокусираме потрагата на локалното подрачје. Претресот ќе започне во домот на родителите“, изјавил портпаролот на полицијата, пренесува Билд.

Стотици доброволци вчера го бараа 6-годишното момче, меѓу кои и околу 300 волонтери од Бундесверот. Неодамна, во текот на ноќната потрага по Аријан, волонтери свиреа детски песни и користеа т.н. „небесни зраци“. Станува збор за фарови кои исфрлаат зрак светлина кон небото, соопшти полицијата. Службениците сакале да ја искористат светлината за да го поттикнат момчето да дојде на локацијата каде што биле тогаш.

Во четвртокот итните служби повторно ја пребараа населбата Елм каде живее момчето.

„Сите бараки и гаражи треба да се отворат и проверат“, рече портпаролот на противпожарната служба.

Ова важи и за кантите за ѓубре, па собирањето смет во Елмо вчера беше откажано. Исто така, итните служби наведуваат дека ќе биде неопходно да се отворат шахти, пишува германски Велт.

Би можело да ве интересира

Голема потрага по исчезнатиот Адријан во Германија

Зошто е прекината теренската потрага по исчезнатата Данкa: „Нов правец на истрагата, нема да запреме додека не ја најдеме!“

Предраг Петровиќ

МВР: Пронајдено е деветгодишното момче од Куманово по кого се трагаше 24 часа

Горан Наумовски

Полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа детето кое беше пријавено дека се изгубило во Битола

Малата Мелиса од Германија, која исчезна во неделата попладне, е пронајдена мртва