Пронајден велосипедот кој на Јапонецот, патник околу светот, му беше украден во Белград

Од:

Српската полиција го пронајде велосипедот на Јапонецот Ри Асаџи, на кој после 20 илјади километри минати на патот околу светот му беше украден во Србија.

Полицијата соопшти дека го уапсила извршителот кој го украл велосипедот пред еден трговски центар во нов Белград.

Асаџи тргна на пат околу светот, долг 20 илјади километри и стигна во Србија каде на 18 јули му беше украден велосипедот од официјален паркинг, иако бил заклучен.

Медиумите во Србија објавија видео снимка од кражбата на велосипедот на Асаџи и апел до граѓаните да ја известат полицијата ако го препознаат крадецот.

Асаџи со велосипед втор пат го минува светот. Тој од 2006 до 2008 година ги пропатувал Северна и Јужна Америка и Австралија и вкупно минал повеќе од 40 илјади километри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието