„Промените продоложуваат“ и „Демократска Бугарија“ изразија подготвеност да формираат малцинска влада

Од:

Две од партиите во новиот бугарски Парламент: „Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“, доколку од претседателот Румен Радев го добијат вториот мандат, изразија подготвеност заедно да работат на формирањето малцинска влада со јасна визија, стратегија, план, изјавија на брифинг во Народното собрание копретседавачот на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков, и копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов.

-Мандатарот на вториот мандат – „Промените продолжуваат “, за првпат почнува со вистински напор да се пронајде некоја формула на надеж, за да има некакво владеење што Бугарија ќе ја придвижи напред, коментира Христо Иванов.

Петков наведе кои се предлог законите, кои според нив, треба да бидат решени, а ги определи како приоритети на бугарскиот народ. Услов е тие да бидат прифатени, без резерва од останатите партии во 48. Народно собрание на Бугарија. Петков, пред се, посочи на повлекувањето на измените во Изборниот законик поврзани со враќањето на хартиеното ливче за гласање во Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме