Прогнози пред вонредните парламентарни избори на Косово

Од:

Три водечки институти на граѓанскиот сектор во Приштина проценуваат дека на претстојните вонредни парламентарни избори на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК) на досегашниот премиер Хашим Тачи ќе забележи пад, а прогнозираат пораст на поддршката за Алијансата за иднина на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај.

Во екот на предизборната кампања на политичките субјекти на Косово, институтот ИНПО, Одборот за човекови права и НВО „Рокфелер“ излегоа со проценки за тоа како ќе изгледа косовската политичка сцена по 8 јуни.

Институтот ИНПО очекува „мал пад“ на партијата на Тачи, стагнација на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа и добар напредок на ААК на Харадинај. Тој, исто така, очекува дека Самоопределување ќе оствари напредок, како и дека Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај ќе го мине цензусот, додека за Алијансата ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли верува дека ќе биде на работ на цензусот.

Директорот на Одборот за човекови права, Беџет Шаља врз основа на предизборните истражувања изјави дека е „евидентен падот на ПДК на Тачи, мал пораст на ЛДК на Иса Мустафа и напредок на ААК на Харадинај, како и преминување на цензусот за Иницијативата за Косово, додека партијата на Пацоли нема да го помине цензусот“.

НВО „Рокфелер“ го објави своето истражување во кое, меѓу другото, се наведува дека ПДК на Тачи ќе забележи „рапиден пад“.

– ЛДК на Иса Мустафа ќе биде прва политичка партија, Алијансата на Харадинај има најдобра програма и ќе биде изненадување на изборите, Самоопределување на Албин Курти ќе има подобри резултати отколку на минатите избори, а Иницијативата за Косово и Алијансата на Пацоли нема да го достигнат цензусот за влез во Парламентот, стои во истражувањето на невладината организација.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска