Продолжуваат 44. ден без прекин протестите во Софија против владата на Орешарски.
Илјадници демонстранти и вечерва се собраа на платото пред Министерскиот совет, јави БТА.
Демонстрантите скандираа „Оставка“, „Секој човек на плоштадот – шајка во ковчекот на незаинтересираноста“ и „Отпуштете се“.
Протестите, кои почнаа на 14 јуни, се одвиваат во мирна атмосфера.