Продолжува операцијата против ПКК во Дијарбакир

Од:

Судирите меѓу турските безбедносни сили  и курдските борци денеска се интензивираа во југоисточниот град Дијарбакир откако во бомбашки напад загина еден војник, а седумина се повредени.

Турските сили за безбедност минатата недела почнаа операција во југоисточниот дел од земјата, во која учествуваат и тенкови и неколку илјади војници. Претседателот Реџеп Таип Ердоган вети чистење на регионот од бунтовници.

Според прокурдската Демократска партија на народите најмалку 24 цивли се убиени во операцијата, а државните медиуми јавуваат дека загиначе 168 припадници на ПКК за осум дена во шест градови во тој регион.

Борци на ПКК активираа бомба во градот Сур, во округот Дијарбакир, каде е воведен полициски час, при што загина војник и повредени се шест други војници и еден цивил. ПКК почна со сепаратистички бунт во 1984 година и оттогаш досега животот го загубија над 40.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски