Продолжи протестот на учениците во Грција

Од:

Учениците од атинските средни училишта вчера попладне одржаа протест во центарот на градот, на кој според соопштение на огранизаторот имало околу 3.000 лица, додека според податоци од полицијата се работи за околу 1.000 средношколци.

Инаку мотив за протестите ширум Грција се реформите во образованието, дефицит од наставен кадар и учебници, испитните прашања и проблеми за изградба на нови училишни објекти.

grckaProtest7noe

Како што пренесуваат медиумите на вчерашните протести регистрирани се само помали инциденти, односно учениците со овошје фрлале врз полицајците пред зградата на грчкиот парламент.

Инаку вчера нешто порано група од околу 500 студенти и ученици предводени од комунистичката партија на Грција (ККЕ) исто така протестирале пред парламентот.

grckaProtest7noe1

Во меѓувреме Министерството за образование соопшти дека бројот на средни училишта во кои учениците штрајкуваат е намален од 580 на 253.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит