Приведен полициски службеник кој превезувал мигранти во Бугарија

Од:

Бугарската полиција во Пловдив денеска на автопатот „Тракија“ приведе 56 мигранти и двајца возачи, од кои едниот е полицаец.

Екипа на сообраќајната полиција која патролирала на автопатот „Тракија“ ја алармирала оперативната дежурна единица на подрачната управа за сомнителен минибус што сообраќал кон Софија. Откако возилото било запрено, во него била пронајдена група од 25 млади момчиња без лични документи. Се пријавиле како државјани на Авганистан, а уапсен е и возач од Харманли.

Во слична акција на полицијата и на жандармеријата, беше запрен друг автобус што се движел кон Софија и по претрес, биле пронајдени 31 мигрант, кои исто така се претставиле како авганистански државјани. Возачот кој е вработен во МВР на Бугарија е уапсен и поведена е истрага.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски