Приведен градоначалникот на Истанбул

Од:

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, утринава е приведен, јави телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“.

Претходно денеска, медиумите објавија дека е издадена наредба за негово приведување.

Имамоглу, кој е од редовите на опозициската Народнорепубликанска партија (НРП), е мета на полициска истрага поврзана со сомневања за корупција и поврзаност со терористички организации.

Полициски екипи го претресуваат неговиот дом, а пред резиденцијата има засилено полициско присуство, покажуваат снимките на „Си-Ен-Ен Турк“.

Утринава беше уапсен и неговиот портпарол Мурат Онгун, јавува опозицискиот весник „Џумхуриет“. Се тврди дека е изготвен список со над 100 бизнисмени и новинари за кои е издадена наредба за апсење.

Неколку метро станици во Истанбул се затворени, а одобрените одмори на полицајци се укинати.

На локалните избори на 31 март минатата година, НРП оствари значајна победа, освојувајќи мнозинство во неколку големи градови, вклучувајќи ги Истанбул и Анкара, со што владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби доминантното влијание на локално ниво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Автобус удри во станица полна со луѓе: Има многу повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силен земјотрес во близина на Истанбул, граѓаните во паника бегаа на улица

По 22 часа и преспивање во расипан автобус, македонските туристи уште се враќаат од Истанбул

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Македонски туристи со страв се враќаат од Истанбул – автобусот само што не се запалил

А1он

Македонски туристи со часови заглавени во Истанбул поради расипан автобус

Катерина Ѓуровски

Денеска уште еден силен земјотрес регистриран во Истанбул

Горан Наумовски