Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Од:

Маж (33) од Романија, кој планирал да седне во претседателската фотелја на општина во областа Слатине, завршил зад решетки поради сомнение дека силувал 14-годишно девојче, ќерка на негова колешка.

Tој на девојчето му понудил превоз, по што жртвата се согласила да влезе во возилото да пренесе до градот.

Според медиумите, жртвата и осомничениот живеат на иста улица и се оддалечени само неколку куќи, а напаѓачот го познавал девојчето уште од нејзиното раѓање.

Не ни замислувајќи што може да и се случи, тинејџерката влегла во неговиот автомобил и со него се упатила до Каракал, неколку километри подалеку, за да купи нешто во градот. Но, на половина пат пријавениот го запрел возилото, ја заклучил вратата и ја нападнал.

По грозоморниот чин се обидел да ги отстрани трагите на злосторството, а на девојката и се заканувал со смрт. Како што рекол изворот од истрагата, силувачот и рекол на девојката дека ќе заврши како девојките кои ги убил криминалецот Ѓорѓе Динча.

Преплашена не им кажала ништо на родителите, но бидејќи постојано се тресела, а потоа изгубила свест, тие набрзо дознале што се случило.

Случајот веднаш го пријавиле во полиција и „политичарот во подем“ е уапсен, а наводно има и непобитни докази дека ја силувал девојката.

На политичарот му е одреден притвор до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Истрага за обид за силување во Скопје, притвор за осомничениот велешанец

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Маж од радовишко силувал 12-годишно девојче

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија