Приштина: Отстранувањето на споменикот во Прешево го доведува во прашање дијалогот

Од:

Косовската Влада денеска изрази огорченост по повод отстранувањето на споменикот на припадниците на ОВПМБ во Прешево и порача дека со тоа се доведува во прашање дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Овој грд чин на Владата на Србија сериозно го доведува во опасност процесот на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и директната одговорност за тоа паѓа на Србија“, се наведува во соопштението од Владата на Косово.spomenik-presevo

Неуспехот на Владата на Србија преку дијалог да изнајде решение за поставување на споменикот покажу дека „дијалогот се уште не е дел од владината политика на Србија кога се во прашање Албанците“, пренесува Танјуг.

Косовската Влада оценува дека отстранувањето на споменикот претставува „уште еден доказ дека омразата кон Албанците кои живеат во Прешевската долина се уште е жива и дека се храни со такви дела на наследниците на геноцидната политика на Милошевиќ“.

„Ваквиот нецивилизиран чин на Владата на Србија на отстранување на споменикот нема да ја измени историјата и сеќавањето на Албанците каде и да се. Напротив, само го јакне и потсетува дека Србија со својата политика останува истата онаа од минатиот век“ се додава во соопштението од Владата на Косово.

Косовската Влада уште ги повика Албанците од Прешевската долина и граѓаните на Косво да не одговорат на „кукавичката провокација на Србија“.

„Ние треба да веруваме во цивилизациски вредности, а не антивредности кои ги промовира Србија, а кои се осудени од страна на демократскиот западен свет“, се заклучува во соопштението.

Во меѓувреме, вршителот должност на шеф во Србија на Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа Пола Тиде изрази жалење што преговорите за изнаоѓање компромисно решение за спорниот споменик се прекинати со одлуката на Владата на Србија истиот да се отстрани.

Тиде преку соопштение повика на „мир и атмосфера во која е можно да се обнови дијалогот“.

„Според моите сознанија, взаемно прифатлива одлука беше на дофат на раката. Требаше да се продолжи со преговорите за да се изнајде решение кои би ги почитувало желбите на обете заедници“, наведува таа.

Припадниците на Жандармеријата утрово го отстранија споменикот на поранешните припадници на ОВПМБ од плоштадот пред зградата на општина Прешево.

Српскиот премир и министер за внатрепни работи Ивица Дачиќ изјави дека по истекот на сите законски рокови, а по налог на Министерството за правда, припадниците на Жандармеријата го отстраниле нелегално поставениот споменик.

– Србија покажа доволно трпение, но и испрати јасен сигнал дека законот мора да се почитува и дека никој не е посилен од државата, рече Дачиќ.

Споменикот на припадниците на албанската ОВПМБ поставен е во ноември минатата година, а Владата на Србија соопшти дека мора да биде отстранет до 17 јануари, за кога беше закажана четвртата рунда преговори меѓу Белград и Приштина.

Споменикот не беше отстранет во предвидениот рок, а одборниците во Собранието на општина Прешево, по истекот на рокот ретроактивно усвоија предлог за негово поставување и најавија дека ќе ја комплетираат документацијата потребна за легализацијата на споменикот.

Најнов предлог за решавање на спорот дојде од здружението на ветерани на поранешната ОВПМБ тој споменик да биде преместен од центарот на градот во дворот на џамијата или Домот на културата во Прешево. Според косовските медиуми, предлогот дошол од Приштина и Тирана.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија