Приштина му забрани на српскиот патријарх да дојде во Пеќката патријаршија во пресрет на Божик

Од:

Косовските власти му забранија на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј во пресрет на Божиќ да дојде во Пеќката патријаршија, јави дописникот на МИА од Белград.

Со оценка дека станува збор за „крајно дискриминаторска одлука“, патријархот Порфириј ги повика властите во Приштина „да престанат да ги газат човековите права и верските слободи на православните Срби кои најмалку 1.500 години во континуитет живеат во Косово на земјата на своите предци“.

– Патријархот Порфириј не се откажува од намерата да отслужи божествена служба во Пеќката патријаршија и очекува оваа крајно дискриминаторска одлука да биде поништена, соопшти неговиот Кабинет.

Српскиот патријарх додаде дека „се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе“ и дека „особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците во Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

Курти: Србија ги копира руските методи за да му се заканува на Косово и целиот регион

А1он

Четири жени со автомобил упаднале во простории на телевизија во Приштина, фрлени се и пиротехнички средства

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Приштина ги затвори премините Брњак и Мердаре