Припадници на „Златна зора“ учествувале во геноцидот во Сребреница

Од:

Припадници на екстремно десничарското неонацистичко политичко движење во Грција „Златна зора“, учествувале во војната во Босна и Херцеговина кон средината на 90-тите години, јави Анадолија.

„Златна зора“ неодамна отворено се закани на муслиманите во земјата дека ќе бидат „заклани како пилиња ако не се отселат од Грција“.

Според познавачи на случувањата во БиХ, постојат докази дека кон средината на 90-тите години на минатиот век некои припадници на „Златна зора“ учествувале во војната во БиХ на страната на Војската на Република Српска.

– Постојат цврсти докази дека Грци, меѓукои сигурно и членови на „Златна зора“, биле под лична команда на Ратко Младиќ и Радован Караџиќ. Грците заедно со Младиќ влегле и извршиле геноцид во Сребреница.

– За жал во обвиненијата против Младиќ и Караџиќ ниту еднаш не се спомнуваат злосторствата на Грци и други странски доброволци за време на геноцидот во БиХ, тврди Авдо Хусеиновиќ, истражувач на воените злосторства во БиХ во разговор за Анадолија.

Би можело да ве интересира

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис