Следната голема цел на преговарачкиот процес на Кипар е постигнување принципиелна спогодба меѓу двете заедници на етнички поделениот остров, пишува весникот „Филелефтерос”.
Тоа е првичниот заклучок од новата рунда средби помеѓу кипарскиот претседател Никос Анастасијадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи, којашто отпочна оваа седмица.
Грчката страна ја оцени спогодбата како принципиелна рамка, а кипарските Турци сметаат дека тоа е компромисно решение на проблемот.
Пред Националниот совет на Кипар, претседателот на островската држава кажа дека нема да потпишува каква и да е спогодба и нема да го постави на референдум се дури не биде постигнат конечен договор околу целиот пакет.
Двајцата лидери денеска ќе остварат уште една средба во рамки на претходно договрениот дијалог, којшто се води под покровителство на ОН.