Претседателските избори во Словенија закажани за 23 октомври

Од:

Претседателските избори во Словенија на кои ќе се избира наследникот на Борут Пахор, ќе се одржат на 23 октомври, соопшти денеска претседателката на Парламентот, Уршка Клакочар Жупанчич.

Изборните рокови почнуваат на 22 август кога е можно поднесување кандидатури, по што започнува и официјалната изборна кампања. Во случај да има потреба од втор круг, тој треба да се одржи во рок од три седмици по првиот изборен круг, со тоа што во него ќе се гласа за еден од двајцата кандидати со добиени најмногу гласови. Новоизбраниот претседател треба да положи заклетва во парламентот на 23 декември, ден по истекот на вториот петгодишен мандат на актуелниот претседател Борут Пахор.

Годинешните претседателски избори во Словенија се седми по ред од 1992 година.

Два последователни претседателски мандати успеаја да освојат првиот претседател Милан Кучан и тоа уште воп првиот круг во 1992 и 1997 година, како и Борут Пахор кој во вториот круг најпрвин ги победи Данило Тирк, а потоа и Марјан Шарец.

Покрај Данило Тирк кој беше претседател од 2007 до 2012 година, само еден претседателски мандат имаше одработи и упокоениот Јанез Дрновшек кој се кандидираше за претседател во 2002 година по неколкугодишно вршење на премиерската функција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски