Претседателот Радев очекува Бугарија наскоро да добие политичка влада

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска коментираше дека во моментов е несериозно да се размислува за службена влада, со оглед на тоа што се уште е во тек парламентарната процедура за формирање политичка влада.

Радев изјави дека одлуката за предавање на мандатот за формирање на новата бугарска Влада ќе ја донесе наскоро.

– Во Уставот нема утврден рок меѓу доделувањето на првиот и вториот мандат. Можете да видите дека парламентот работи енергично и се разгледуваат важни предлог-закони, изјави тој.

Радев коментираше дека тој се уште очекува дека ќе се формира редовна политичка влада.

Според него, партиите во бугарскиот Парламент и владата во оставка мора да најдат сила за ажурирање на буџетот. Бидејќи во спротивно, смета тој, тоа би било крајно неодговорно кон милиони Бугари, пензионери, работници, илјадници компании кои се соочуваат со банкрот, да се најдат без поддршка токму кога им се најпотребни.

Бугарскиот претседател одговори и на критиките на министерката за надворешни работи во оставка, Екатерина Захариева, дека не заземал став за меѓународните скандали поврзани со Русија. Според него, време е бугарската Влада да ја сфати својата одговорност за скандалите во надворешната политика. Бугарија, според него, доживеа длабок упад во националната безбедност.

-Замислете си пет високи функционери од Воено-разузнавачката служба, Министерството за одбрана, Бугарскиот парламент, кои се вклучени во овие скандали. Служби и тела што се директно подредени на Советот на министри и лично на премиерот се одговорни за тоа, искоментира Радев.

Според претседателот, треба да се анализираат причините за овој упад во безбедносниот систем на Бугарија, што ја дискредитираа и безбедноста на земјата кај партнерите и ја дискредитираа.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година