Претседателот на словенечкиот парламент Грегор Вирант ќе поднесе оставка

Од:

Претседателот на словенечкиот парламент Грегор Вирант синоќа соопшти дека в понеделник ќе поднесе оставка од функцијата, а седниците на парламентот ќе ги раководи неговиот заменик Јакоб Пресечник.

Оставката Грегор Вирант ја објави по средбата на раководството на неговата партија Граѓанска листа, која, исто така, објави дека излегува од владејачката коалиција поради одбивањето на премиерот Јанез Јанша да поднесе оставка по корупцискиот скандал.

Во понеделник парламентот ќе биде известен и дека двајцата министри од партијата на Вирант, Јанез Шушершич за финансии и Сенко Пличанич за правда ја напуштаат владата.

Со ова продолжува политичката криза во Словенија, а има опаснсот и од нови предвремени избори, 14 месеци по претходните, бидејќи излегување од Власата веќе најавија и Демократската партија на пензионерите и Словенечката народна партија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг