Претседателот на Романија поднесе оставка

Од:

Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека си поднесува оставка од функцијата поради напорите на опозицијата да го отповика, откако тој остана на власт кога Уставниот суд ги поништи претседателските избори на кои десничарскиот, проруски кандидат Калин Георгеску неочекувано победи во првиот круг.

Клаус денеска изјави дека се повлекува и дека ќе ја напушти функцијата на 12 февруари.

Уставниот суд побара од него да остане на функцијата по завршувањето на неговиот мандат во средината на декември поради поништувањето на изборите.

Судот ги откажа изборите два дена пред да се одржи вториот круг меѓу Георгеску и проевропската центристичка кандидатка Елена Ласкони.

Новите претседателски избори се планирани за 4 мај, а евентуалниот втор круг е закажан за 18 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Романскиот Трамп“ и градоначалникот на Букурешт во вториот круг претседателски избори

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Дан: Романија поминува низ тежок период

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски