Бугарскиот претседател, Росен Плевнелијев даде поддршка на повеќедневните протести во Бугарија, против корупцијата и недостаток на транспарентноста.
-Бугарија може да биде горда на овие добронамерни и демократски протести кои праќаат порака до политичарите- изјави тој.
Претседателот на Бугарија истакна дека се надева дека политичарите ќе ја слушнат таа порака и дека овој пат ќе преземат одговорност и ќе донесат јасни и храбри одлуки.
Повеќе илјади демонстранти секоја вечер од минатиот петок се собираат во Софија и бараат оставка од владата и целосни реформи на политичкиот систем во најсиромашната членка на ЕУ.
Елена Георгиевска