Претседателката на врховниот суд застана на чело на грчката Влада

Од:

Претседателката на Врховниот суд Василики Тану-Христофилу, според уставот, застана на чело на Владата на Грција, по оставката на премиерот Алексис Ципрас.

– Претседателот на Врховниот суд Василики Тану-Христофилу застанува на чело на службената влада до спроведувањето на предвремени парламентарни избори, објавија грчките медиуми. Со ова, таа стана првата жена премиер на Грција.

Ципрас синоќа поднесе оставка, која по телевизиското обраќање му ја врачи и на претседателот на државата, Прокопис Павлопулос.

– Актуелниот Парламент не може да понуди мнозинска Влада или Влада на национално единство, му рече Ципрас на Павлопулос и побара од претседателот да иницира постапка за предвремени избори и да се формира привремена влада.

Владата на Ципрас, кој дојде на власт во јануари годинава, го загуби парламентарното мнозинство, кое изнесува 151 од 300 пратеници, и можеше да смета само на поддршката на помалку од 120 пратеници, што се смета за „психолошки минимум“. Владата можеше во Парламентот да усвојува само закони кои ги поддржува опозицијата.

Според Уставот на Грција, ако една влада поднесе оставка во рок од една година од последните избори, претседателот на земјата треба да врачи прелиминарен мандат на лидери на опозицијата, кои ќе се обидат да формираат влада, почнувајќи од најголемата партија.

Мандатот трае три дена и ако напорите не успеат, мандатот и се доделува на втората по големина опозициска партија, а потоа на третата.Ако сите овие обиди да се формира нова влада пропаднат, тогаш претседателот закажува избори.

Целата оваа процедурара по се изгледа сепак ќе биде избегната, бидејќи опозициските лидери веројатно ќе го вратат мандатот на претседателот, отворајќи го патот за предвремени избори, кои треба да бидат спроведени до 30 дена од датумот на кој бидат објавени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит