Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан до крајот на овој месец

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави утрово дека до крајот на овој месец ќе го посети регионот за да го поддржи процесот на приклучување кон ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Фон дер Лајен ова го најави за време на нејзиниот годишен говор за Состојбата на Европската Унија, што се одржува секој септември и во кој претседателката ги презентира успесите и предизвиците на Европската Унија.

– Пред крајот на овој месец ќе отпатувам во регионот за да испратам силен сигнал на заложба за процесот на пристапување, им го должиме ова на сите млади кои веруваат во европската иднина, рече шефицата на Европската комисија.

Според изворите на МИА во Брисел, претседателката ќе ги посети сите земји во регионот, вклучително и Северна Македонија за време на нејзиното патување, помеѓу 28 и 30 септември.

Таа потсети дека Европската Унија го поддржува регионот и економски преку Економскиот и инвестициски план кој изнесува третина од целкупниот бруто домашен производ на регионот.

– Затоа што инвестиција во Западен Балкан е инвестиција во иднината на ЕУ, рече Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен не ги спомена поединечно земјите од регионот како што го често го правеше тоа во минатото, посебно фактот дека Северна Македонија и Албанија ги исполнуваат условите за почеток на преговорите со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски