Претрес во куќата на екс министерот за полиција во Словенија – има сомнежи дека соработувал со Кавачкиот клан

Од:

Поранешниот министер за внатрешни работи на Словенија и еден од најблиските соработници на Јанез Јанша – Алеш Хојс, напиша на мрежата X дека полицијата ја претресува неговата куќа.

Истрагата ја води Специјалното државно обвинителство, кое го сомничи Хојс за соработка со Кавачкиот клан.

Генералната полициска управа на Словенија објави дека претресот на куќата на Хојс не го извршила полицијата.

„Според информациите што ги знаеме, постапката ја спроведува Одделот за истраги и гонење на службени лица со посебни овластувања при Специјализираното државно обвинителство“, објави ГПУ.

Специјализираното државно обвинителство потврди дека претресите на куќите во овој случај ги врши нивниот специјален оддел, без да даде дополнителни детали.

Хојс им рече на новинарите пред својата куќа дека не знае што бараат истражителите, дека знае само дека е осомничен за соработка со Кавачкиот клан.

Претресот на куќата во Љубљана траел седум часа, јавува РТВ Словенија.

„Кривичните истражители го претресоа и автомобилот на Хојс и оттаму одзедоа уште еден мобилен телефон“, се наведува во извештајот од местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Јанша ги оспорува изборите во Словенија: Нерегуларностите влијаеја на резултатот

А1он

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот