Пресудата на Додик е потврдена, доби една година затвор и шестгодишна забрана за вршење активности

Од:

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина денеска донесе конечна пресуда и го осуди претседателот на Република Српска Милорад Додик на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит.

Додик ќе мора да престане да ја извршува функцијата претседател на Република Српска 6 години, објасни Судот, наведувајќи дека ова е заштитна мерка. Со тоа, Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда и ги отфрли жалбите на одбраната на Додик и на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Според соопштението од Судот на БиХ, денеска до страните е испратена писмена копија од пресудата, а жалба против оваа пресуда не е дозволена. Според пресудата, Милорад Додик е прогласен за виновен за неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник, што е спротивно на одредбите од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.

Второобвинетиот Милош Лукиќ, кој беше вршител на должноста директор на Службениот весник на Република Српска, беше ослободен од истото кривично дело. Кратко по изрекувањето на првостепената пресуда против лидерот на Република Српска во февруари оваа година, БиХ се соочи со една од своите најтешки политички кризи, која сè уште трае.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска ќе има статус што никој нема да може да го оспори

Додик: Наскоро патувам во Москва, ќе побарам поддршка за независност на Република Српска

А1он

Додик: Референдумот не е за независност, но ќе биде за „загревање“

Додик: Република Српска фокусирана на мирот, само волјата на народот има легитимитет

Додик: Однесувањето на британскиот амбасадор Џулијан Рали не е дипломатско

Додик: Миниќ е нов мандатар на новата Влада на Република Српска