Преку тараби до ЕУ

Од:

Не знам како ќе го решиме проблемот со Косово во контекст на нашето приближување кон ЕУ. Имено, министерот за надворешни работи на Австрија господин Себастијан Курц, во интервју за НИН рече дека – пред влезот на Србија во ЕУ, потребна е целосна нормализација на односите со Косово, што би било потврдено и со правно обврзувачки документ, бидејќи не е во интерес на ЕУ да прифати во полноправно членство земји кои се во судир со соседни земји, бидејќи тоа би значело увоз на нестабилност.

Колку што знам, Србија не е во судир со ниту една соседна земја. – Правно обврзувачки документ, кој со Косово наводно мора да го потпишеме пред нашиот влез во ЕУ, тоа е веќе посложено прашање.

Како би се викало Косово во тој правно обврзувачки документ, дали и понатаму да инсистираме на фус-нотичката со ѕвездичка покрај името Косово? Колку што слушнав, овие од ЕУ се незадоволни од ѕвездичката, бидејќи таа укажува на променливо решение за статусот и не дај боже, некои Срби во иднина можат повторно да посегнат по Косово. Затоа овие од ЕУ предлагат тараба, да може брате мили, административната линија трајно да се претвори во тараба-граница…

Нашиот пријател Себастијан Курц се осврна и на односот меѓу Србија и Русија, наведувајќи дека не ја исклучува можноста дека Србија во моментот кога веќе ќе биде близу до приемот во ЕУ, ќе мора да се огради од Русија и да ги усвои заедничките надворешнополитички ставови од Брисел.

Оваа изјава на Курц повлекува неколку прашања: ако се знае дека Србија нема да влезе во ЕУ пред 2020 година, од каде Курц знае каква политика ќе води Русија тогаш, за Србија до 2020 да се огради од таа Русија и руска политика?

Од каде Курц знае какви ќе бидат заедничките надворешно-политички ставови на ЕУ кон Русија во 2020 година? Или младиот австриски министер се залета, или само потврдува дека конфронтацијата на Западот со Русија е долгорочна стратегија на Брисел, Вашингтон па и Берлин?

Австриецот да не биде осамен во пораките на Белград се погрижи и повремениот гостин на Белград, господин Андреас Шокенхоф, заменик шеф на демохристијанската пратеничка група во Бундестагот, истакнувајќи дека – Србија е под голем руски притисок и дека Путин се обидел да стави некои земји од Балканот под своја контрола преку енергијата и стопанската зависност.

Прекрасно, Србија не е под германски притисок, седумте услови кои господинот Шокенхоф веќе претходно ги испорача не се притисок, постојаните приговори од страна на Берлин и Брисел и наведувањето на српско-руските односи не се притисок?

Или пак можеби Германија не сака да ги стави земјите од Балканот под своја контрола преку стопанска зависност? Или веќе ги стави? По 100 години од почетокот на Првата светска војна, Австриец и Германец ни испратија пораки.

Значи, според Себастијан Курц, односите на Русија и Западот и во 2020 година ќе бидат во сфера на конфронтации. Финансиско-монетарната војна веќе е во тек, економските санкции, намерно предизвикан падот на цената на нафтата и пропаста на Јужен тек, се директни удари на Русија и нејзината економија, се со цел да се промени власта во Кремељ.

Дали сеуште некој се сеќава на рушењето на малезискиот боинг над Украина? Како тој случај толку брзо исчезна од западните медиуми? Што вели истрагата? Боингот над Украина е реплика на случајот Маркале во Сараево и случајот Рачак на Косово. Ист ракопис…

Шеесет германски интелектуалци, политичари, економисти, правници, филозофи, стопанственици и професори упатија јавен апел до германската јавност и канцеларката Ангела Меркел против конфронтација со Русија, против нова војна во Европа. Бидејќи, Германија на Ангела Меркел зазема сега многу остар курс кон Москва, Ангела Меркел веројатно е најголемо политичко разочарување на Владимир Путин. Тој долго веруваше дека Берлин има сили да не подлегне на сите притисоци на Вашингтон, бидејќи претходниците на Ангела Меркел го правеа тоа.

Германија не испрати свои војници во виетнамската војна, иако тоа го бараше Вашингтон, брод-болницата Хелголанд е исклучок, ниту пак праќаше свои војници во двете војни во Заливот. Само Герхард Шредер, по германското учество во агресијата на НАТО на СР Југославија во 1999 година, го симна табуто на воениот ангажман во странство, но во 2003 година не испрати војници во Ирак.

Наводниот антиамериканизам своевремено претставуваше привилегија на арогантните германски културни конзервативци, блиску сродни со некои варијанти на антисемитизам. Заедничките опсесии се нарекуваа материјализам и трговски дух, плуралистичка демократија, слобода на печатот, т.н. книжевност од асфалтот, лабав морал, а сето тоа заедно ги држеше илузијата за надмоќта на германскиот народ.

Дали тоа страшило од германското минато стана дури и дух на германската надворешна политика во претходниот период? А сето тоа е заменето со сегашната германска политика со наводна неограничена солидарност со САД.

Секој германски канцелар мора претходно да добие зелено светло во Вашингтон. Тие од некогашната Западна Германија некако до сега мрдаа. Овие од поранешната ДДР? Нема шанси. И Гаук и Меркел се од ДДР.

Политика – Белград

 

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен