Прекината истрагата за тврдењата за поткуп пред вториот круг од изборот на претседател во Парламентот

Од:

Грчки обвинител ја прекина истрагата во врска со тврдењата на опозициски пратеник дека му бил понуден поткуп за да гласа за владиниот претседателски кандидат Ставрос Димас, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на судски извори.

Според обвинителот, немало доволно докази кои ќе го поткрпат тврдењето на Павлос Хајкалис, пратеник на една од помалите грчки партии, од чија поддршка Владата на Самарас има потреба за да се изгласа новиот претседател.

Актерот Павлос Хајкалис од партијата „Независни Грци, на крајот на минатата недела, изјави дека му биле предложени 700. 000 евра во кеш, простување на кредит и рекламни договори, со што вкупната сума на поткупот изнесувала околу три милиони евра.

Пратеникот изјави дека пред околу две недели го информирал обвинителот и му предал аудио и видео материјал за своите тврдења.

Ова е второ вакво тврдење на пратеник од партијата „Независни Грци“, бидејќи и пратеничка на оваа партија минатата недела тврдеше дека некој се обидел да ја поткупи.

Владата ги отфрли обвинувањата со оценката дека тоа била „претстава достојна за презир“.

Обвинителите ги истражуваат сличните тврдења за политички поткупи во последните недели, но засега немаат покренато обвинение против никого.

Грција се наоѓа во процес на избор за претседател. Доколку Парламентот не успее до третиот круг од гласањето, закажан за 29 декември, да избере претседател на земјата тогаш ќе треба да се свикаат предвремени парламентарни избори.

Ставрос Димас, единствениот кандидат за претседател, предложен од Владата, во средата при првото гласање не успеа да ги добие неопходните 180 гласа, бидејќи му недостасуваа  20 гласа. Ниту денеска не се очекува тој да биде избран.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит