Прекинат синџир на шверц на оружје од БиХ во Франција

Од:

Властите на БиХ запленија арсенал оружје и муниција и уапсија свој државјанин, осомничен за криумчарење оружје во Франција, каде што било продавано на илегален пазар, соопшти Обвинителството на БиХ, и воедно побара барајќи притвор за приведениот.

Уапсен е 41-годишен маж од Зворник, осомничен дека бил дел од меѓународна група за шверц на оружје.

Припадниците на истражната канцеларија на граничната полиција БиХ во областа Оражје открија десет митралези, муниција и други делови од оружје подготвено за криумчарење.

Државјанинот на БиХ е обвинет дека како дел од организирана криминална група пронаоѓал илегално автоматско оружје во БиХ, кое потоа било криумчарено во Франција со моторни возила.

Според истите наводи, оружјето во Франција би го презеле луѓе што го препродавале на илегалниот пазар.

Обвинителството на БиХ соопшти дека спроведува опсежна истрага за шверц на оружје и воена опрема од територијата на БиХ во соработка со партнерските институции во Франција.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски