Специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за кипарскиот проблем Александар Даунер денеска изјави дека очекува продолжување на преговорите за обединување на етнички поделениот остров во октомври по едногодишна пауза.
Преговорите меѓу кипарските Грци и кипарските Турци стагнираа околу 14 месеци, најмногу поради финансиската криза, што го зафати островот и потребата од меѓународна помош.
– Тие се надеваат дека преговорите ќе почнат во октомври, изјави Даунер, алудирајќи на двете страни. Тоа се знаци што ги даваат и очигледно има многу работи што треба да бидат решени до тогаш, нагласи Специјалниот советник на генералниот секретар на ОН.