Преговорите за обединување на Кипар продолжуваат на 28 јуни

Од:

Обединетите нации денеска соопштија дека лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастасиадис и Мустафа Акинџи, на 28 јуни во Женева ќе ги продолжат разговорите за повторно обединување на островот.

– Двајцата лидери ќе се сретнат под покровителство на ОН, со Грција, Турција и Велика Британија, како сили гаранти на процесот и ЕУ, како набљудувач, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Островот, кој се наоѓа во источниот дел на Средоземно Море, е поделен од 1974 година кога турски трупи извршија инвазија на северната третина од Кипар, како одговор на превратот во Никозија поттикнат од Атина, кој имаше за цел обединување со Грција.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ