Лидерите на грчката и турската заедница на Кипар се согласија разговорите за повторно обединување на островот да бидат обновени подоцна во јуни во Женева, соопшти генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
Договорот беше постигнат на средбата која траеше четири часа меѓу лидерите на двете заедници – Никос Анастасиадис и Мустафа Акинџи, и шефот на светската организација. Разговорите беа водени во седиштето на ОН.
Кипарскиот претседател Анастасиадис настојувал страните во преговорите да се занимаваат прво со прашањето за повлекување на турските војници од островот (35.000 лица), но Акинџи изјавил дека не може да бидат поставувани предуслови.